На 24 октомври 2026 година Fight Nation Championship за прв пат во својата историја организираше настан во Македонија, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Вечерта имаше 11 борби: една по правилата на Ultimate Boxing и десет ММА борби, а во главната борба се бореше за ФНЦ титулата во лесна категорија.
Даниела Алексовска – победа пред домашната публика
Европската ММА шампионка Даниела Алексовска ја отвори вечерта со победа. Во страва категорија ја совлада Гркинката Мина Хацопулу со зафат armbar во третата рунда.
Ова е уште една потврда за класата на нашата репрезентативка. Даниела е европска ММА шампионка од 2025 година. Истата година освои бронзен медал на Светското ММА првенство во Тбилиси, а годината пред тоа стигна до полуфиналето на светскиот шампионат во Ташкент. Беше прогласена и за Млада спортистка на Македонија за 2025 година.
По борбата, во кафезот се случи и посебен момент. Ивица Алексовски, нејзиниот татко и претседател на Македонската ММА федерација, ѝ го врза црниот појас во бразилска џиу џица. Даниела го заслужи по 15 години тренинг и многу освоени медали.



Марко Трајановски – професионално деби
Марко Трајановски го имаше своето професионално деби во полутешка категорија, против 18-годишниот Црногорец Лука Лаиновиќ. Борбата заврши брзо. Лаиновиќ победи со нокаут во првата рунда, на 0:57. За Марко ова е искуство од највисоко ниво во неговата прва професионална борба, и веруваме дека ќе се врати посилен.


Главна борба
Во главната борба Марко Бојковиќ го нокаутираше Лом-Али Ескиев во првата рунда и ја освои ФНЦ титулата во лесна категорија. Со овој триумф тој стана најмладиот шампион во три европски организации.


Федерацијата им благодари на FNC, на организаторот The Strongest, на спонзорите и на публиката што ја исполни арената. Скопје покажа дека може да биде домаќин на ММА на највисоко ниво.











