ЗА НАС
Македонската ММА Федерација е непрофитна, демократска организација посветена на развојот, промоцијата и унапредувањето на мешаните боречки вештини (ММА) во Македонија. Како официјално раководно тело, МКДММАФ работи кон тоа да создаде силна, безбедна и професионална платформа за сите спортисти, тренери и ентузијасти кои се дел од ММА заедницата. Одговорностите и активностите на националната федерација за ММА се многу слични на оние како на секој друг спорт.
запознај ГО нашиот тим
ЛУЃЕТО ОДГОВОРНИ ЗА РАЗВОЈ НА ММА СПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА!
нашиот тим
ОВА СЕ ЛУЃЕТО ОДГОВОРНИ ЗА РАЗВОЈ НА ММА СПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА!
СТРУКТУРА
Федерацијата има јасно дефинирана структура која обезбедува транспарентност, професионализам и ефикасно управување. Водечкото тело на федерацијата е Управниот одбор, кој се состои од Претседател, Потпретседател, и членови со различни одговорности. Дополнително, федерацијата има Надзорен Одбор, кој е одговорен за усогласеност со статутот и законските регулативи. Во рамките на федерацијата функционираат и различни комисии, како што се судиска комисија, дисциплинска комисија, и тренерска комисија. Сите одлуки во федерацијата се донесуваат на демократски начин, преку годишни собранија каде што сите членови имаат право на глас и учество во процесот на одлучување.