ДРЖАВНО ММА ПРВЕНСТВО 2025!

На 14 декември 2025 година, во просториите на Д Стронгест Скопје, со почеток во 11:00 часот, успешно се одржа Државното првенство во мешани боречки вештини, на кое учество зедоа сите клубови членки на Македонската ММА Федерација, со вкупно 25 натпреварувачи, меѓу кои и европските ММА шампиони Даниела Алексовска и Марко Трајановски. Настанот помина во одлична организација и спортска атмосфера, со голем број квалитетни и динамични борби во младинска, јуниорска и сениорска конкуренција.

Според официјалниот бодовен систем утврден од Федерацијата, најуспешен клуб на првенството беше Д Стронгест Скопје, кој го освои првото место.

1. Д Стронгест Скопје39 бодови
2. Будо Кавадарци18 бода
3. Будо Велес15 бода
4. Титан ММА Штип13 бода
5. Хулк ММА10 бода
6. ММА Комбат Бутел9 бода
7. Алфа ММА Тетово3 бода

Супервизор на првенството беше Ивица Алексовски, кој се погрижи натпреварувањето да се одвива според сите пропишани правила и стандарди на Меѓународната ММА Федерација, каде Македонската Федерација е полноправен член.

Државното ММА првенство уште еднаш ја потврди растечката популарност и квалитетот на мешаните боречки вештини во Македонија, како и посветеноста на клубовите, тренерите и Федерацијата кон развојот на овој спорт. Организаторите упатуваат честитки до сите натпреварувачи и клубови за прикажаните резултати и спортско однесување, со уверување дека ваквите настани ќе продолжат да го унапредуваат ММА спортот на национално ниво.