АРММАДА 14 Прес-Конференција во East Gate Mall – Скопје!

Скопје станува центар на европската боречка сцена! На 14-ти септември, во Спортски Центар „Јане Сандански“, ќе се одржи ARMMADA 14 – најголемиот боречки спектакл во Македонија во последната деценија!

Во пресрет на овој историски настан, на 25-ти август (понеделник) во East Gate Mall – Скопје, со почеток во 13:00 часот, ќе се одржи официјалната прес конференција. Настанот ќе ги обедини медиумите, спортската јавност и сите љубители на боречките спортови, со можност директно да слушнат од натпреварувачите на ARMMADA 14.

На прес конференцијата ќе присуствуваат нашите Европски прваци, Даниела Алексоска и Марко Трајановски, врвни европски ММА атлети, како и Ивица Алексовски Претседател на Македонската ММА Федерација, Дамир Михајловиќ основач на организацијата ARMMADA, и Претставници од Министерството за спорт на Република Македонија.

ARMMADA 14 ветува борби на највисоко ниво, спектакл каков што Mакедонската спортска сцена нема видено!