Талентот и посветеноста на македонската ММА репрезентативка Даниела Алексовска се препознаени од еден од водечките светски брендови за спортска суплементација – Applied Nutrition, кој од неодамна е официјален спонзор на Алексовска.
Applied Nutrition, познат по својата соработка со елитни спортисти од различни спортови, е и официјален спонзор на УФЦ суперѕвездата Педи „The Baddy“ Пимблетт, кој на 15 април се избори за осмото место на УФЦ „Lightweight“ ранг-листата.
Преку оваа соработка, Даниела го продолжува својот пат кон големата сцена, каде на 7 јуни во Херцег Нови, Црна Гора, ќе го има својот деби настап во професионалната организација ARMMADA.
Поврзувањето на Даниела со бренд кој веќе стои зад едно од најголемите имиња во UFC е доказ дека нашата репрезентативка има потенцијал да влезе во октагонот на најголемите светски ММА организации.