СВЕТСКO ММА ПРВЕНСТВО 2025

Countdown Timer Expired

Д
Ч
М
С
Gb8NzTyboAAvM7b
Локација: TBA
Датум: TBA

СВЕТСКO ММА ПРВЕНСТВО 2025

Countdown Timer Expired

Д
Ч
М
С
Локација: TBA
Датум: TBA
Gb8NzTyboAAvM7b

ПРЕТХОДНИ НАТПРЕВАРИ

ПРЕТХОДНИ НАТПРЕВАРИ

Untitled design
Европско ММА Првенство 2025
Место: Белград, Србија 
Дата: 14.02.2025 - 23.02.2025
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Од 14ти Февруари до 23ти Февруари, во Белград се одржа најголемто Европското првенство во ММА, на кое учествуваа 33 земји и над 800 натпреварувачи. Ова беше второ учество на Македонската ММА федерација на ваков престижен настан. Македонската ММА федерација имаше двајца борци, Даниела Алексовска и Марко Трајановски.


Даниела Алексовска која во категоријата јуниори -52.2 кг освои златен медал, што претставува прв златен европски медал во женска категорија за Македонија. Даниела во финалето ја совлада Анастасија Хородивска од Украина – актуелната светска вицешампионка – во првата рунда за помалку од две минута со зафат (триаголник),


Марко Трајановски, кој се бореше по втор пат на Европското ММА Првенство во младинска категорија до 83,9 кг. Трајановски во еден ден забележа победи против Георги Савов од Бугарија, Илин Давид од Романија, Доменико Вискуси од Италија и Тимур Руснак од Украина, со што тој го освои првиот историски златен медал за Македонија.

Untitled design (7)
Светско ММА Првенство 2024
Место: Ташкент, Узбекистан 
Дата: 05.11.2024 - 09.11.2024
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

asd

Untitled design (8)
Европско ММА Првенство 2024
Место: Белград, Србија 
Дата: 29.03.2024 - 06.04.2024
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

од 29 март до 6 април, во Белград се одржа Европското првенство во ММА, на кое учествуваа 33 земји и над 700 натпреварувачи. Ова беше прво учество на Македонската ММА федерација на ваков престижен настан. Најголемиот успех го оствари Даниела Алексовска, која во категоријата јуниори -52 кг освои сребрен медал, што претставува прв европски медал за македонската ММА федерација. И покрај тоа што имаше само една ММА борба во кариерата, таа покажа неверојатна борбеност и стигна до финалето, каде загуби на судиска одлука. Даниела изјави дека е задоволна со својот успех и најави дека продолжува со подготовки за идните големи турнири. Во Белград настапи и Марко Трајановски, кој се бореше во категоријата до 18 години. Со две победи и еден пораз, тој беше на чекор до медал.

Untitled design (6)
Белградски Победник 2024
Место: Белград, Србија 
Дата: 22.09.2024
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

На 22 септември 2024 година, Македонската ММА репрезентација оствари историски успех на меѓународниот турнир „Белградски победник“ во Србија. Со четири златни медали и освоен пехар, нашите борци се искачија на врвот на ранг-листата за сениори.

Во јуниорските категории, Лука Стојановски (до 66 кг) со три победи го обезбеди првото место, Марко Трајановски (до 84 кг) со две убедливи победи исто така се закити со златен медал.

Кај сениорите, Дарко Димитриев (до 66 кг) беше дел од главниот евент и со доминантна борба го освои златото. Најголемото признание на вечерта го доби Даниела Алексовска, која се натпреваруваше во потешка категорија (до 57 кг) и со две победи освои не само златен медал, туку и пехар за најуспешен натпреварувач во женската сениорска конкуренција.

Untitled design (9)
МФЦ 20
Место: Подгорица, Црна Гора 
Дата: 08.12.2024
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

На 8 декември 2024 година, во Подгорица, Црна Гора, се одржа престижниот турнир во мешани боречки вештини МФЦ, каде што македонската репрезентација достигна  неверојатни резултати! Нашите борци се вратија дома со две златни, две сребрени и една бронзена медалја.

Златни медали:

Даниела Алексовска ја круниса вечерта со спектакуларна победа во главниот евент, совладувајќи ја африканската шампионка Даниела Мандаџи.

Марко Трајановски настапи во јуниорска категорија до 21 година, иако тој сè уште е во категорија до 18 години, но сепак успеа да издвои убедлива победа.

Сребрени медали:

Вања Гавриловски ја освои првата борба на атрактивен начин, со нокаут во втората рунда.

Дарко Димитриев обезбеди сребро со одличен настап.

Бронзен медал:

Лука Стојановски успеа да се искачи на подиумот, освојувајќи бронза.

ПОГЛЕДНИ ДЕЛ ОД НАШИТЕ БОРБИ
СИТЕ БОРБИ

ПОГЛЕДНИ ДЕЛ ОД НАШИТЕ БОРБИ !

СИТЕ БОРБИ