Скопје ќе биде центар на боречките спортови на 14 септември – АРММАДА 14!

Историја за македонската спортска сцена, на 14 септември 2025 година, во спортскиот центар „Јане Санданскиќе се одржи АРММАДА 14најголемиот ММА спектакл во Македонија по една деценија. Македонската публика за првпат ќе има можност да ужива во врвна боречка програма со елитни домашни и европски натпреварувачи.

Во рамките на боречка карта ќе настапат:

  • Даниела Алексовска (Македонија) ќе се бори противФлоцеа Алида (Молдавија) во категорија -52кг
  • Марко Трајановски (Македонија) ќе се бори против Петар Кликовац (Црна Гора) во категорија -84кг
  • Никола Градинац (Србија) ќе се бори против Ѓорѓи Квелидзе (Грузија) во категорија -84кг
  • Андреј Стојановски (Македонија) ќе се бори против Василе Тичан (Молдавија) во категорија -61кг
  • Огњен Миќовиќ (Србија) ќе се бори против Андреас Христу (Кипар) во категорија -77кг
  • Костадин Георгиевски (Македонија) ќе се бори против Раде Новаковиќ (Србија) во категорија -93кг
  • Марко Смиљиќ (Србија) ќе се бори против Иван Сакиќ (Босна и Херцеговина) во категорија -84кг
  • Никола Димовски (Црна Гора) ќе се бори против Вилчу Лусиан (Германија) во категорија -73кг.

Најголемото внимание е насочено кон нашите европски Прваци, Даниела Алексовска и Марко Трајановски кои за првпат ќе се натпреваруваат пред домашна публика.

Билетите за „АРММАДА 14“ се веќе достапни преку ticketx.com.mk. Бројот на места е ограничен, а интересот е огромен, не пропуштајте ја шансата да бидете дел од највозбудливата спортска вечер годинава.

КУПИ БИЛЕТ ЗА АРММАДА 14 - ЛИНК