клубови кои ја сочинуваат
мма федерацијата на македонија
мма клуб „the strongest macedonia“
Д СТРОНГЕСТ – Скопје
Центарот за боречки вештини “Д СТРОНГЕСТ” лоциран на ул. Матеја Матевски, Џевахир Скај Сити, кула Д, Аеродром бр.10 во Скопје со простор од 1000 м2 и е најквалитетното место во нашата држава доколку сакате да изучувате некоја боречка вештина или спорт. Имате можност како никаде во нашата држава на простор од 300 м2 да тренирате ММА, МУАИ ТАИ, БРАЗИЛСКА ЏИУ ЏИЦА, КИК БОКС, КРОС – КОНДИЦИОНИ ТРЕНИНЗИ, ГРУПА ЗА ДЕЦА, ФИТНЕС, БОДИ БИЛДИНГ.
Главен тренер и Основач на Центарот е ИВИЦА АЛЕКСОВСКИ:
• 36 години во боречките вештини
• Црн појас во бразилска џиу џица
• Сениор ЏКД Инструктор
• Кафен појас во џудо
Почетоците се далеку во 1990 г. кога Зоран Петковски го регистрира вториот Кунг Фу клуб во РМ за Џит Кун До и Фул Контакт (подоцна кикбоксинг) спортот. Името на клубот беше “Шао Лин” во чест на големите кинески Кунг Фу мајстори и мудреци од манастирот Шао Лин. Од првите и најдобрите ученици може да ги издвојат Горан Арсовски, Ивица Алексовски, Арсен Георгиевски, Дејан Костов, Весна Ивановска, близнаците Александар и Апостол Атанасовски и Маја Витановска, која подоцна стана трикратна светска шампионка во Кикбоксинг, во дисциплините Фул Контакт, Лоу Кик и Лајт Контакт. Алексовски во 1990 година се запишува во ЏКД клубот „Шао Лин“ во Скопје кај својот тогашен тренер Зоран Петковски. На првото Фул Контакт Првенство во Битола 1992 година, денешниот Главен Инструктор за Македонија и Балкан во “Д Стронгест Македонија”, Алексовски Ивица стана Вице Шампион на Македонија. Во 1993 г. Петковски Зоран почна да го изработува и го издава првото списание за боречки спортови и вештини Јин – Јанг. На приватните телевизии ТВ КРТ и ТВ Скопје, Петковски истотака имал сопствени контактни емисии во кои се прикажувале и коментирале најдобри светски и домашни Кикбоксинг борби.Гостувањата во спортските редакции на Македонската ТВ и радио беа редовни за членовите од ЏКД клубовите.
При формирањето на школата за тренери при Факултетот за физичка култура во Скопје,Зоран Петковски бил повикан и назначен за надворешен соработник на ФФК за кикбоксинг спортот. “Шао Лин” во тоа време броеше околу 60 редовни членови и интересот за ова боречка вештина беше од ден на ден се поголем. Многу од членовите на клубот се бореа рамо до рамо со своите “колеги” од дргуите кик бокс и боксерски клубови. Многумина од нив имаа многу победи како во Македонија , така и на турнири оргаинизирани надвор од Македонија. Ивица Алексовски во тоа време е редовен член во клубот и за кратко време е еден од подобрите членови во клубот.
Алексовски ја превзема обврската да го води клубот од неговиот тренер Зоран Петковски. Во 2000 година заедно со Миодраг Константинов го основаат ЏКД Центарот за Боречки Вештини „Шао Лин“, но по заминувањето на Миодраг во странство, Ивица останува единствениот инструктор. Во 2001 година се стекнува со ЏКД црна ознака, а во 2004 година со втор тоан во ЏКД кај Златко Неделковски. Во 2002 година Алексовски се стекнува со Black Belt Kickbox Master под Си-фу Неделковски. Алексовски го освојува златниот медал на Турнирот организиран од Министерството за внатрешни работи на ниво на цела држава во демонстрација на техники од самоодбрана. Во 2003/2004 година е под водство на ЏКД, Досе Парес Ескрима и ММА инструктор Си-Фу Љубомир Јорданов. Алексовски почна да ја промовира оваа вештина на повисоко ниво со повремени емисии на телевизиите, во печатените медиуми, формирање на свој интернет сајт итн. Поради овие причини клубот секојдневно го зголемуваше своето членство и се оформи и втора група за џит кун до.
Во ЦБВ Д Стронгест” денес тренираат 200 редовни членови поделени во повеќе групи изучувајќи повеќе боречки вештини и спортови.
Во 2010 година Ивица под водство на Светскиот шампион во супер тешка категорија во таи бокс, Џавит Бајрами одржа кик-таи бокс семинар во Скопје. Како и на сите досегашни семинари и на овој семинар имаше многу учесници од други боречки вештини и клубови.
Истата година во соработка со неговиот пријател од Бугарија, председател на Крав Мага Федрацијата на Р.Бугарија, Алекс Петров прават семинар за Крав Мага. На овој семинар имаше над 120 учесници од повеќе клубови и различни боречки вештини.
Во 2010 година со предходен договор прави семинар во Македонија со првиот македонец кој е носител на црн појас во БЏЏ, Проф. Роберт Наумоски. По барање на Роберт сите три тренинзи се изведуваат со кимоно.
Преку Наумоски , овој клуб се вклучува во едно големо и успешно БЏЏ семејство, РООТС БЏЏ со седиште во Сиднеј, Австралија.
Во 2011 година РООТС и Д Стронгест Македонија освојуваат многу медали ( сребрен во Софија, 3 бронзени медали во Белград) и го подигнуваат имиџот на клубот на повисоко ниво.
Во април 2011 година Алексовски со свои инструктори и ученици учествува на ЏКД – Досе Парес Ескрима семинарот , организиран од ГМ Љубомир Јорданов, а воден од ГМ Ричард Бустиљо – еден од првите ученици на Брус Ли. Двата дена по пет часа дружење и тренинг со ГМ Бустиљо беше големо задоволство за нашите членови.
Истотака во 2011 година двајца представници од Д Стронгест Македонија, Христовски Бојан и Петрески Никола земаат учество на првиот ММА турнир во Македонија, каде што Никола извојува победа.
Во месец ноември во Прилеп се одржа турнир во ММА борби, кик бокс борби и грапплинг. Во двете ММА борби членовите на “Д Стронгест Македонија” и “РООТС БЏЏ Македонија” извојуваат победи, но забележаа и победа во кик бокс и 12 победи во грапплинг.
Во понатамошниот период тимот на “Д Стронгест” и “РООТС БЏЏ” освојуваат многу медали и често се најдобар тим на турнирите.
Во 2012 година Алексовски ја оформува Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица која бори повеќе од 10 клубови (Скопје, Охрид, Куманово, Прилеп).
Во 2012 година Проф. Роберт Наумоски му доделува виолетов појас.
Во 2015 година Проф. Наумоски му доделува кафен појас во БЏЏ и Алексовски во моментот е највисок појас во Р. Македонија.
Во 2018 година “Д СТРОНГЕСТ” станува дел од “RONIN – CARNAGE MUAY THAI GLOBAL” и денес е под водство на еден од најдобрите Тај бокс тренери во Европа, Миша Бачулов.
Во 2019 година Алексовски го добива ЦРНИОТ ПОЈАС во БРАЗИЛСКА ЏИУ ЏИЦА од Проф. Роберт Наумоски.
По 25 години практикување на боречки вештини, особено на Џит Кун До, Гранд Мајсторот Љубомир Јорданов му доделува на Алексовски сертификат за ФУЛ ИНСТРУКТОР во Џит Кун До и Филипински Боречки Вештини.
Во 2022 година клубот се сели во новите простории (1000м2 – сала за фитнес и боди билдинг, сала за боречки вештини, сауни, шоп за суплементи и опрема за боречки вештини) каде што ги најквалитентите услови за тренинг и развој на млади шампиони.
Стави слики од салата моментално ....
Во периодот од 2020 година (корона) до 2025 година освојува многу значајни Балкански, Европски и Светски натпреварувања:
- Трето место на Светското Првенство во БЏЏ во Абу Даби 2022 година (Даниела Алексовска)
- Европски прваци во борби со кимоно и без кимоно (Даниела Алексовска, Томи Блажевски)
- Европски Прваци во ADCC (Стефан Пецевски, Даниела Алексовска, Томи Блажевски)
- Второ место на Европското Првенство во ММА во Белград, Србија (Даниела Алексовска)
- Трето место на Светското Првенство во ММА во Узбекистан (Даниела Алексовска)
- Освоени многу AJP, ADCC турнири на Балканот
- На многу турнири освоени пехари за едно од првите 3 места
ВО 2024 година по покана на Српскиот ММА Сојуз, Македонија влегува во во светската ММА федерација IMAAF, а Ивица Алексовски е поставен за Претседател на Македонската Федерација за ММА под “капата” на БЏЏ Федерацијата на Р. Македонија.
Спортски Центар "БУДО" - велес
"БУДО" – ВЕЛЕС
Спoртскиот Центар за боречки вештини ”Будо-Велес”, е основан 2005 година, од главниот инструктор Раде Стефановски.
Овој модерен спортски центар за боречка уметност располага со 1100 м2.
На самото приземје од 550 м2 е фитнес центарот (теретана), со повеќе од 70 модерни справи, финска сауна, соблекувални, кафетерија, тоалет.
На првиот кат се 550 м2 , со две сали, едната 250 м2 под татами и 200 м2 со гумиран под, канцеларија, соблекувални со тушеви, тоалет и многу опрема…
Ги нудиме следните програми: Карате, БЏЏ-ММА, Кикбокс, Кросфит, Тае Бо, Инсенети, Пилатес, Аеробик и Фитнес.
симнете ја ufc апликацијата на
Раде Стефановски – Основач и главен инструктор на Центарот за боречки вештини БУДО во Велес, основан 2005 година. Овој модерен спортски центар за боречки вештини и фитнес има 1100m2, и ги нуди следните програми: Карате, БЏЏ, ЈКД, Кикбокс, Бокс, Кросфит, Тае Бо, Insanity, Пилатес, Аеробик и Фитнес.
Завршил средно полициско училиште и дипломски студии по криминологија на Универзитетот Св. Климент Охридски, Факултет за безбедност во Скопје, и дипломски студии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Факултет за физичко образование, спорт и здравје. Работел во Специјална Единица на МВР.
Работи како раководно лице во МВР Велес, Република Македонија.
Започна да тренира карате во 1988 година и натпреварувачката кариера ја започна во 1991 година, шест години беше македонски репрезентативец каратист и се натпреваруваше во кати и кумите. Покрај карате од 1995 година започнал да тренира и: бокс, џудо, борење и кик бокс. Во моментов има црн појас од 4-ти степен во карате, црн појас во џудо и кикбокс, син појас во бразилска џиу-џица. Раде е и сертифициран инструктор за Jeet Kune Do и инструктор за Krav Maga.
Тој е судија во Светската карате федерација (WKF-единствената меѓународна карате организација признаена од Меѓународниот олимписки комитет) исто така е судија на Европската карате федерација, која е највисоката карате лиценца во Европа за судење кати и кумити.